“Расцветана пролет“ – Разговор за боите, обработка на стихотворба и изработка на цветови (рециклирање со имагинација)

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активностаРасцветана пролет Разговор за боите, обработка на стихотворба и изработка на цветови (рециклирање со имагинација)

Цели на активноста:

-да се поддржува љубопитноста на детето кон нови предмети и настани во опкружувањето

-да се поддржува детето во настојувањето да изведува посложена задача ако покаже интерес за тоа

-да се поттикне детето кон поставување прашања за непознати предмети, лица или настани во моментот на набљудување и случување

-да се поттикнува кај детето иницијативност, при избор на материјалите за учечките и истражувачките активности.

-да се поттикне детето да витка, тутка и да лепи хартија и друг материјал

-да се поттикне и да развие способност за раскажување и изразување со куси реченици

-да се поттикне и да развива способност за започнување на дискусија и поставување прашања

-развој на око – рака координација и развој на ситната моторика

Потребен материјал: две понудени гатанки и стихотворба, темперни или водени бои, четка, цевка од хартија, ножици, лепак, памук или Pom Poms, картонска амбалажа од јајца.

Тек на активноста:

Родители, најпрво оваа активност можете да ја започнете со читање на двете долу понудени гатанки за Виножито и Ливада. Откако децата ќе  ги погодат гатанките, разговарајте со нив  за 7-те бои на виножитото. Гледајќи од сликата, поттикнете ги, правилно да ги именуваат боите (сина а не плава, портокалова а не помаранџеста). Потоа надоврзете се со боите во природата – ливадата, шумата, може и собата во која се наоѓате…Насочети ги да Ви зборуваат за нивните омилени бои на: цвет, облека, некоја нивна омилена играчка, бојата на омилените обувки и итн.  Прашајте ги и зошто токму тие бои им се омилени или им се допаѓаат. Сигурно одговорите ќе бидат интересни J

Како продолжување на темата за боите, прочитајте им ја стихотворбата – Разговор за боите на цвеќињата, каде на интересен начин им се доловени боите на децата, кои се споредуваат со боите на други предмети, се со цел детето полесно да ги меморира и воочи, но и да ги спореди. Можете да ги поттикнете и тие да кажат некој сличен пример: црвена боја – како бојата на јаболкото, јагодата, црешата, потоа зелена боја – како зелено јаболко, тревата во пролет, како жаба, како листот на гранката итн.

Доколку имате можност да ја испринтате сликата со стихотворбата, децата можат да ги обојат дадените црно – бели цвеќиња во соодветните бои, како во текстот или пак самите да ги нацртаат на лист по сеќавање од Вашето читање.

За  крај, понудете им ги материјалите кои се најгоре спомнати како потребни, и заедно  “оживејте ја” искористената картонска амбалажа од јајца – правејќи   цвеќиња по примерот  како на последната понудена слика или  на  you tube кликнете на следната страна https://www.youtube.com/watch?v=fJPecvkq80U

Have fun!

Подготвил: Воспитувач –  Емилија Савовска