Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: “Вкусни црвени плодови” – Говорно – ликовна игра
Цели на активноста:
-Стекнување на сознанија за раното овошје.
-Оспособување за именување, препознавање и опишување на раното овошје: боја, форма, вкус…
-Поттикнување на интерес кај детето за ликовно изразување
Потребен материјал: лист од блок, темперни бои, четка за сликање, свежи плодови.
Тек на активноста
Пролет, прекрасно годишно време со убави и вкусни плодови. Во пролет целата природа се буди, дрвјата во градините се преполни со цреши, кои сјајат и привлекуват големо внимание кај децата. Да не ја заборавиме јагодата – мала црвена и слатка кралица на пролетта. Секако нема, кој може да остане рамнодушен и да не ја проба.
Разговарајте со своето дете за карактеристиките на овие прекрасни црвени плодови – каде растат, со кои витамини се богати и какви се по боја. Предложете му на детето ликовна игра – во пластична чинија, ставете црвена темперна боја. Во следниот чекор на лист од блок, поттикнете го со четка и црвена боја, да слика цреши и јагоди. Охрабрете го, самостојно да работи и да ја именува бојата што ја користи.
Активноста можете да ја надополните со – чинија полна со јагоди и цреши. После реализираната активност, нема поубава награда од чинија полна со црвени вкусни плодови.
УжиСладете се и уживајте во убавите моменти, поминати со Вашите најмили…
Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска