Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: “Боите на инсектите” – Печатење со прсте – инсекти
Цели на активноста:
-Да се поттикне поголема умешност при правилно користење на прстите за конкретна цел – печатење
-Да се поттикнуваат детските способности за препознавање, именување, воочување на боите на инсектите, класификација – полезни и помалку полезни инсекти итн.
Материјали за работа: подлога – листови во боја А-4 (бел, зелен, жолт и сл.), фломастери, темперни бои и прстињата.
Тек на активноста
Почитувани! Воведете ги децата во светот на инсектите и при тоа поттикнете ги да се здобијат со знаења и искуства за видовите на инсекти, нивно препознавање, именување, воочување на бојата на инсектите. Запознајте ги со полезните инсекти и оние кој се штетни (опасни). Во текот на практичниот дел, насочете ги децата на хигиенски навики и грижлив однос кон облеката во текот на манипулирањето со бои. Потоа со прсте формирајте инсекти по сопствена желба на децата, а пипалата означете ги со фломастери.
Направете изложба, играјте подвижни игри – летајте и лазете како инсекти и испратете фотографии од вашите креативни изработки.
Подготвил: Воспитувач – Славица – Цаци Боболеска