„Научив да селектирам“ – Говорно – манипулативна игра

Возрасна група:  4 – 6 години

Наслов на активноста: „Научив да селектирам“ – Говорно – манипулативна игра

Цели на активноста:

  • Да се оспособува за користење на истражувањето како форма на учење
  • Да се поттикнува еколошката свест и прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на живеење
  • Да стекне ликовни вештини за контрола и координација на движењето на раката при користење на приборот за разни ликовни техники

Потребен материјал: видео материјали, апликации, енциклопедија, списанија, картонски кутии, листови во боја, боички, фломастери и друг ликовен материјал

Тек на активноста

Разговарајте со детето за екологијата, за чиста и здрава животна средина. Потоа преку разговор поттикнете го детето само да размислува каде се фрлаат отпадоците, пластиката, стаклото и хартијата. Преку видео и преку апликации, објаснете му за селектирање и рециклирање отпад – секој отпад се селектира во посебни корпи за пластика, стакло и хартија, а со рециклирање – стариот отпад се преработува во фабриките и се добиваат нови производи.

Потоа заедно изработете корпи за селектирање отпад и декорирајте ги по желба на детето. Поттикнете го детето, во веќе изработените корпи да го селектира отпадот на соодветното место.

Во видеото што следи,  погледнете ја постапката како се рециклира стара хартија и заедно со детето можете да се обидете да рециклирате.

Уживајте во забавните моменти со Вашето дете.

Подготвил: Воспитувач – Ивона Јанкоска