Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активностите: Обработка на стихотворба -“И јас сум екологист”
Цели на активноста:
-Усовршување на способноста за рецитирање на стихотворба со промена на интонацијата на гласот
-Поттикнување и усовршување на способноста за јасно изговарање на гласовите
-Поттикнување кон прифаќање на екологијата, како дел од современиот начин на живеење
Потребен материјал: апликации, слики, стихотворба”И јас сум екологист”, ликовен материјал
Тек на активноста
Започнете разговор со вашето дете на темата “ Селектирање и Рециклирање на отпад”, користејќи апликации, слики од списанија или интернет. Слушнете ги неговите размислувања и надополнете го неговото знаење, објаснувајќи ги поимите на наједноставен начин, преку примери. Во продолжение прочитајте му ја стихотворбата, користејќи соодветна интонација и дикција при изговорот, со цел да предизвикате интерес кај Вашето дете и можност за разбирање на секој збор одделно:
“И јас сум екологист”
За целата наша планета
е голема среќа
отпадот секогаш да се собира
во канта или во вреќа
Но, не е секој отпад – ѓубре за фрлање
затоа јас секогаш одбирам
Својот отпад да го собирам и рециклирам.
Во продолжение, разговарајте за стхотворбата, анализирајте ја заедно, за што се зборува, објаснете му ги непознатите зборови и прочитајте ја повторно, со цел детето да ја запомни. Поттикнете го да ја рецитира заедно со вас, охрабрувајќи го и пофалувајќи го секој негов обид. Во зависност од интересот на детето, можете да му предложите да се нацрта себе си како “Екологист”, односно да нацрта што треба да прават малите екологисти, користејќи ликовен материјал по избор.
Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин