„Еко-работилница” – Изработка на разни креации од отпаден материјал

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: „Еко-работилница” – Изработка на разни креации од отпаден материјал

Цели на активноста:

-Проширување на детското сознание за селектирањето како еколошки поим;

-Да се поттикнува еколошката свест и прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на живеење;

-Да се поттикнува кај детето користење на различни форми и извори на информации;

-Да се поттикнува кај детето користење на различни видови на креативност;

-Да се развива фината моторика и манипулативните вештини.

Потребен материјал:  списанија, интернет, различен природен и материјал за рециклирање (пластични шишиња, хартија, картонска амбалажа од сок, млеко), ножици, лепило, скалпел, темперни бои итн.

Тек на активноста

Селектирањето и рециклирањето на отпадот треба да претставува навика за сите, на тој начин се заштитува животната средина и се заштедуваат многу ресурси. Пластиката, хартијата, стаклото, лименките, батериите, органскиот отпад… се најважните алки во синџирот на рециклирање и реупотреба.

Разговарајте со детето за тоа што претставува селектирањето на отпадот, при тоа покажувајќи му истовремено списанија или пак на интерен – слики за тоа како се врши овој процес.

Селектирањето на отпадот во секој дом е навика, но и добра организација на просторот.

Потрудете се заедно со вашето детето да изработите различни креации од различен отпад т.е. она што го имате во вашите домови. Еве неколку примери кои можеби ќе ви бидат од помош.

Подгорвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска