Вежби за рамнотежа – “Oдскокни, доскокни, прескокни“

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Вежби за рамнотежа – “Oдскокни, доскокни, прескокни“

Цели на активноста:

– Да се развива и усовршува способноста на детето да скока со две и со една нога од  место како и да се поттикнува координација на локомоторниот систем и контрола на движењето на  деловите на телото

– Зацврстување и правилно развивање на детското тело, како и поттикнување на весело и ведро расположение.

Потребен материјал: колаж хартија ,пластични цевки ,јаже или конец од волница  салотејп

Тек на активноста 

Во овие денови на домашна изолација, потребно и многу важно е детето да практикува и физичка активност. За таа цел во вашиот дом може да направите едно инпровизирано полигонче на кое вашето дете секојдневно ќе игра и ќе се рекреира по следниов пример. За да се загрее и раздвижи телото поттикнете го детето да изведува движења со вратот и главата – лево десно(тик-так), како што чука часовникот и надолу – нагоре (ден-ноќ). Со овие вежби ќе се радвижи вратот, а за раздвижување на рацете може да му предложите да имитира летање на птица или пак пливање. За да ги раздвижи нозете, поттикнете го да легне на грб и со нозете да имитира возење на точак. Доколку и  вие вежбате со детето, ефектот и заинтересираноста ќе биде поголема.

Сега може да продолжите со игри на полигончето кое предходно заеднички сте го подготвиле (залепете стапалки со различна оддалеченост на килимот или паркетот, на кои детето ќе скока, може да направите патека користејќи волница и салотејп или пак пластични цевки во разни бои, кои ќе ги прицврстите за подот -исцртувајќи плочка -зависно од вашата желба и креативност). Играјте заедно со вашето дете – трчајте со промена на темпото, плескајќи со дланките, скокајте на една нога, па со двете, од место, во далечина итн. Може да го поттикнете да оди на прсти и на пети до одредена точка која ќе ја одредите и не заборавајте да го бодрите и пофалувате. Додека детето игра и вежба може да му пуштите и некоја детска музика која дополнително ќе го забавува и мотивира. Пријатна забава.

Подготвил: Воспитувач – Анкица Поповска

Во прилог ви доставувам еден линк кој може да ви послужи за пример:

https://www.pinterest.com/pin/645633296569587462/feedback/?invite_code=08c26fa8ce86436b8dd87e75dcec7525&sender_id=645633433988581478