“Декорација на велигденски јајца со нестандарден материјал”- Ликовна игра

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: “Декорација на велигденски јајца со нестандарден материјал”-  Ликовна игра

Цели на активноста:

-Да се поттикнат детските умеења и способности за обликување разни -едноставни облици од нестандарден материјал

-Да се развива детската способност за распознавање на сетилните дразби врз основа на своите доживувања, чувства и емоции поврзани со семејната традиција по повод празникот

-Развивање на креативност во ликовното творештво

Потребен материјал: хартија во боја А-4, салфетки во разни бои, темперни бои, фломастери, картонски цилиндер, ножици и сл.

Тек на активноста

Преку вербална комуникација и краток разговор, воведете ги децата во начинот на празнување и одбележување на празникот Велигден, особено во семејната традиција. Поведете разговор за потеклото и ползата на јајцето – како симбол на традиционалните вредности за велигденските празници.

Во практичниот дел можете да ги искористите приложените илустрирани примери (цртање на контури со картонски цилиндер и туткање на салфетки). Во текот на празниците и потоа, можете да научите лесни стихови поврзани со темата.

 

Побрзајте родители мои

донесете разни бои,

да боиме јајца варени,

да бидат убави шарени.

 

Кошнички со јајца црвени,

Велигденски украси дрвени,

да има медени колачиња,

во форма на зајачиња.

 

Подготвил: Воспитувач – Славица – Цаци Боболеска