Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: “Боите на велигденските јајца” – Mозаик со колаж хартија
Цели на активноста:
-Да се поттикне кај детето знаење и способност за препознавање на боите
-Да се поттикнува упорноста на детето да истрајува во активноста
-Развивање на моториката на раката, координација око-рака
Потребен материјал: бели листови, самолеплива колаж хартија, слики од велигденски јајца
Tек на активноста
Разговорот со детето започнете го со разговор за најголемиот христијански празник Велигден. Потоа заедно со детето разгледајте ги дадените слики со велигденски јајца и поведете разговор за истите. Поттикнувајте го детето само да ви го опише јајцето (форма, големина, боја). Поттикнете го детето да ги именува боите црвена, зелена, жолта, сина – користејќи асоцијација со некои предмети од околината. Потоа предложете му на детето да направите една активност заедно – манипулативна игра – мозаик на велигденско јајце со колаж хартија. Имено на бел лист хартија ќе нацртате со молив велигденско јајце, а од самолепливата колаж хартија ќе кинете мали парчиња колаж и ќе ги аплицирате на веќе исцртаните јајца со цел да направите мозаик.
Подготвил: Воспитувач – Маријана Поповска