Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активностите:
“Што му е потребно на растението да расте”- Индивидуални искази
“Ртење” – Истражувачка игра
Цели на активноста:
-Поттикнување на љубопитноста и самостојноста при изведување на едноставни истражувачки активности
-Развивање на способности за користење на сетилата во процесот на откривање
-Поттикнување за искажување на своите идеи и мисли, користејки правилно составени реченици
Потребен материјал: мал сад (чаша) кој ќе послужи како саксија, семиња (грав, пченица, леќа), памук, ликовен материјал
Тек на активности
Започнете разговор со Вашето дете за природата и растенијата. Насочете го разговорот и поттикнете го детето да размислува на темата “Што му е потребно на едно растение да расте?” Охрабрете го да ги искажува своите размислувања, притоа користејќи правилни и целосни реченици. Во продолжение земете го садот, памукот и семињата и засадете ги заедно. Ставете вода и поставете го на светлина.. Разговарајте со детето што ќе се случува со семето што го засадивте и уживајте секојдневно набљудувајки ги промените кои следат, бидете мали истражувачи.. Во зависност од интересот на детето, можете да цртате (сликате) на темата ”Од семе до растение”..
Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин