,,Пролетта ни дава зеленчук, полн со витамини” – Насочена активност

Возрасна група: 2-4 години

Наслов на активност: ,,Пролетта ни дава зеленчук, полн со витамини”Насочена активност

Цели на активноста:

Стекнување на сознанија за раниот зеленчук во пролет

-Оспособување за именување, препознавање и опишување на пролетниот зеленчук: боја, форма и големина

Потребен материјал: слики од разни зеленчуци, свежи зеленчукови плодови, ликовен материјал

Тек на активност

Разговорот започнете го за годишното време што пристигна – пролетта, со тоа и кои зеленчуци растат во ова годишно време. Потоа со детето разгледајте ги дадените слики и апликации и разговарајте за истите. Поттикнете го детето да ви го опише зеленчукот кој што ви е даден – споредувајте по боја, форма, големина. Откако со детето ќе го опишете зеленчукот, насочете го разговорот кон тоа, што му е потребно на зеленчукот за да може да порасне – како се храни и што му е потребно за да се развие (сонце, почва и вода). Разговарајте со детето, зошто е добро да се јаде зеленчук, богат со витамини и минерали – кои се корисни за детското здравје и растење. Во текот на денот, детето може да го опише и нацрта омилениот зеленчук по негов избор.

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска