„Боите на зеленчукот“ – Игра со колаж хартија

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: „Боите на зеленчукот“ – Игра со колаж хартија

Цели на активноста:

-Да се поттикнуваат способностите за споредување и класификација по боја,

-Да се поттикне детето да ги користи движењата на дланката и прстите за конкретна цел

Потребен материјал: слики и апликации од зеленчук, листови во боја, бел лист, лепило

Тек на активноста:

Разговарајте со детето за зеленчукот и за неговата важност за нашето здравје. Потоа со детето разгледајте слики/апликации со разновиден зеленчук и помогнете му да ги опишува и именува. Откако детето вербално ќе ги опише, поттикнете го да ги спореди по боја, така што ќе ги класифицира сите зеленчуци што се со иста боја. На крај, заедно нацртајте го омилениот зеленчук на детето и со помош на техниката „цепи, лепи“ нека го исполни внатрешниот дел на зеленчукот во соодветна боја.

Подготвила:  Маријана Гиразова