Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: “Смеењето е здраво” – Насочена активност
Цели на активноста:
-Да ги раазвиваат и негуваат позитивните емоции, како што се: љубов, среќа, радост, задоволство, опуштеност, сигурност;
-Да се поттикне на раскажување шеги, необични изрази, смешен говор;
-Да се поттикнува на правилна артикулација и дискиминација на гласови;
-Да ја развива способноста за говорно изразување на замислени или хипотетички ситуации.
Потребен материјал: хумористични текстови, фотографии, листови за цртање, боички.
Тек на активноста
Прочитајте му го текстот на детето и покажете му ги сликите од текстот. Разговарајте за содржината – дали го разбрал, може ли дејството во текстот да си го претстави мисловно, да ги искаже своите чувства додека го слушал текстот (смешно, изненадено, замислено…). Поттикнете го детето да предложи поинаков хумористичен крај на овој текст, или самото дете да измисли своја смешна приказна, или зеднички составете со детето нова приказна. Заедно кажувајте си смешни ситуации кои сте ги доживеале или ќе ги измислите. Во текот на денот, продолжете меѓусебно да си кажувате шеги, предложете му на детето своите шеги да ги нацрта и наслика, а може заедно да изгледате некој филм – комедија.
Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска