„Мојата смешна маска“ – Игра со колаж хартија

Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: „Мојата смешна маска“  – Игра со колаж хартија
Цели на активноста:
-Поттикнување на весело и ведро расположение кај децата, развивање на позитивни емоции
-Развивање на фината муслулатура на дланката и прстите
Потребен материјал: картонски чинии, колаж хартија, сламки, ножици

Тек на активноста

Поттикнете го детето, преку разговор за значењето на Денот на шегата – 1-ви април, заеднички да изработите маска – за која е потребно да имате картонска чинија, колаж хартија и сламка. Картонската чинија исечете ја на половина, а детето нека одбере кој лик сака да биде на неговата маска (куче, маче, мече, зајче и сл.). Потоа детето со помош на ножици, нека ја исече исцртаната форма на колаж хартијата со ликот кој што ќе го одбере и нека ја украси маската. За полесно ракување со маската, потребно ќе биде да се стави сламка за држење на маската со рака. Маските можете да ги искористите за Денот на шегата, да глумите и да играте игри на улоги во својот дом.

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева