Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: „Ластовичка“ – Манипулативна игра
Цели на активноста:
-да се поттикне детето да ги користи движењата на прстите и дланката за конкретна цел
-да се поттикне самостојноста во истражувањето, разликувањето на одредени форми и облици во две и три димензии
Потребен материјал: хартија во боја (црна, бела), ножички, лепило за хартија, конец, молив
Тек на активноста:
Детето ги сече со ножички, формите дадени на шаблонот, а потоа со молив ги копира соодветно на црната и на белата хартија и повтоно сече по контура. Поттикнете го детето вербално да каже што сече (крилата на ластовичката, клунот и сл.). Во следниот чекор со ваша помош составете ги деловите на ластовичката, користејќи го лепилото за хартија. За да биде позабавно, ластовичката со конец закачете ја на таванот „да лета“ и пронајдете некоја интересна информација за ластовичките на интернет или во енциклопедија и разговарајте со вашето дете на тема – птици преселници.
Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ