Секој од нас може да биде супер херој

Денешниот ден беше посебен за децата од групите Детелинки и Буба Мари (4-5 год) од Матичниот објект. Тие денес се дружеа со Билјана Црвенковска, писателка на современа литература за деца и авторка на приказните Светот на Биби, со родителите-гости, уметникот Доротеј Нешовски од Детскиот креативен центар на МКЦ и ликовниот педагог Симона Игнатовиќ. Сите, заедно ги понесо децата во чудесниот свет на имагинацијата каде секој може да поседува некоја супет моќ и да биде херој. Така ја зајакнавме самосвеста, самодовербата и себепочитувањето, дел од целите кои си ги поставивме во проектот “Моето куферче со емоции”.