Посета на Турски културен центар-објект Панорама

На ден 17.12.2019 год. децата од воспитната група од 5-6 години, во рамки на проектната активност – Патуваме со децата од светот, го посетија Турскиот културен центар ,,Јунус Емре”. Децата преку видео запис и разговор со вработените во центарот, се запознаа со обичаите за празникот Бајрам, а воедно ја вкусија традиционалната баклава и туски чај, специјално подготвени за оваа посета. Целта на оваа посета беше, децата да научат за турските обичаи и култура и да се запознаат со некои карактеристични зборови на јазик поразличен од нашиот. Посебна благодарност за реализираната посета, до директорот Серхат Кула и кореспондентот Бурак Онер.