Втора работилница од проектот: Учиме за отпадните масла за готвење

На ден 05.12.2019 во сите објекти во групите од 4-5 год. возраст се реализираше втората работилница на тема: Зошто искористеното масло за готвење не треба да се истура во мијалникот и тоалетната школка?  На работилницата се разговараше со децата – каде правилно треба да се истура отпадното масло, исто така дека искористеното масло треба да го собираме во канти за потоа истото да оди на обработка. Децата интерактивно учествуваа во реализацијата, а потоа боеа работни листови на кои беше претставено како е правилно да се собира маслото, а како е неправилно да се истура маслото.