Посета на Градинарски центар – Матичен објект

Трагајќи по домот на Семко, на ден 02.12.2019 год. децата од восп. група “Сонциња” 5-6 год. возраст, Матичен објект – го посетија Градинарскиот центар “Horti Ekspert”. Во светот на растенијата и семињата, научивме нови работи и изигравме многу есенски игри. Ги броевме годовите и годините на дрвцата, видовме џуџести растенија, игравме подвижни и натпреварувачки игри, цртавме и печатевме листови. Како што е редот, разменивме подароци, а децата си отидоа со полни раце семиња, саксии, прекрасни есенски лисја и уште една научена професија – ботаничар. Огромна благодарност до целиот тим на Градинарскиот центар.