Креативна работилница во група “Пеперутки” – Матичен објект

На ден 21.11.2019 год., во воспитната група  “Пеперутки” од 2-3 години од Матичниот објект, се одржа креативна работилница. Родителите и дечињата заедно изработуваа разни ракотворби од есенски плодови и есенски листови. Работилницата кај децата поттикна ведро и весело расположение и со големо внимание работеа со нивните родители. На крајот од работилницата беше направена изложба од готовите ракотворби.