Децата од воспитната група од 4-5 години од објект Панорама, по повод одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 -ти Ноември, го посетија театарот Комедија.
Магијата на театарот им ја доловија актерите Жарко и Нора. Тие ги запознаа децата со сцената, шминкерницата/фризерницата и гардеробите каде што актерите се подготвуваат за настап.