На ден 13ти Ноември, деца од групата “Зајачиња” од објектот “Бели Мугри”, учествуваа на манифестацијата “Го градам мојот град” која традиционално секоја година ја организира Детски културен центар “Карпош”. Целта на манифестацијата беше, децата да се запознаат поопширно, колку големо значење има празникот 13ти Ноември за градот Скопје. Со материјалите што ги користеа за макетата, децата имаа можност да ги истакнат своите творечки способности, креативност и фантазија и достојно да ја претстават нашата градинка.
Исто така и ние се вклучивме во проектот “Улични библиотеки” и оставивме неколку сликовници во куќичката во дворот на Детски културен центар, со што ја збогативме библиотеката – прекрасен дом за книги кои се достапни за секого и се надеваме дека други дечиња ќе уживаат во нивната содржина.Во знак на благодарност и соработка добивме, диплома на која многу сме горди.