Ден на урбана средина

На ден 07.11.2019 год. по повод Денот на урбана средина, децата од објектот Н.Н.Борче (група – Цветови од 5 – 6г.) ја посетија Општина Центар и Градоначалникот Саша Богдановиќ. Децата имаа можност да го прашаат градоначалникот за неговата работа во Општина Центар. Градоначалникот им објасни на кој начин се грижи за училиштата, градинките, улиците, парковите, игралиштата и другите објекти во општината. Децата на градоначалникот му подарија цртеж, на кој нацртаа дел од нашата урбана средина. Го поздравија со стихови и песна и задоволни се вратија во градинка бидејки се запознаа со градоначалникот и неговата улога  – татко на нашата општина.