News

esen2
Креативна работилница во група “Пеперутки” – Матичен објект

На ден 21.11.2019 год., во воспитната група “Пеперутки” од 2-3 години од Матичниот објект, се одржа креативна работилница. Родителите и дечињата заедно изработуваа разни ракотворби од есенски плодови и есенски листови.

Есенска акција во дворот на објект Н.Н.Борче

Во дворот на објект Н.Н.Борче, децата од групата Сонциња (5 – 6 г.), заедно со претставници од Лајонс клуб, засадија 40 бели рози, кои беа подарени со цел да се развие детската свест и поттикне грижлив однос кон природата, заради здрава иднина на децата.

image3
Куклена претстава подготвена од воспитниот тим во Матичен објект

На ден 27.11.2019г. во холот на Матичен објект, се реализираше куклена претстава со наслов “Невидливиот зајко”, презентирана од воспитниот тим. Куклената претстава ја проследија сите возрасни групи.

saska2
Креативна работилница на тема “Тиквијада”- Н.Н.Борче

На ден 20.11.2019 год. во просториите на објектот Н.Н. Борче, во групите од 2 – 6 год. се одржа креативна работилница со родители на тема “Тиквијада”. Родителите кои се одзваа во голем број, заедно со своите деца, на нивно големо задоволство, направија прекрасни изработки од тиква, со кои ќе бидат украсени занималните во предстојниот период.

IMG_3794
Есенска работилница во објект Бели Мугри

Есенска работилница во групите од 2 – 6г. се реализираше во објект Бели Мугри на ден 20.11.2019г. Родителите со задоволство и ентузијазам ја прифатија поканата за присуство на работилницата. Од оваа работилница произлегоа многу успешни есенски креации, кои во наредниот период ќе бидат украс на ентериерот во нашиот објект.

druzenje_6
Попладневно дружење со родители во објект Панорама

На ден 21.12.2019г. во просториите на објект Панорама, децата од воспитните групи од 3 – 5 год. реализираа попладневна креативна работилница на тема ,,Изработки од тиква”. Родителите со своите деца изработија разни креации, со кои ги украсија влезовите на градинката.

sadnici_1
Есенско дружење во Матичен објект

Денес дворот на градинката Кочо Рацин во Капиштец беше исполнет со детска смеа, ентузијазам и мотивираност. Родителите заедно со своите деца реализираа попладневно дружење во рамките на месечната тема ”Љубовта кон мојот град и околина”.

muzej_1
Прошетка низ Музејот на град Скопје

Работејќи ја темата – Убавините на мојот град, децата од Матичен објект од 5 – 6г. (Ежиња), на ден 19.11.2019 год., го посетија Музејот на град Скопје. Преку слики и поставки во музејот, се запознаа со Скопје некогаш и денес и осознаа повеќе за културното наследство на нашиот град.

Прошетка низ градот – деца од Н.Н.Борче

По повод роденденот на нашиот град Скопје – 13ти Ноември, децата од 5 – 6 годишна возраст, од објектот Н. Н.Борче беа на прошетка низ центарот на градот. Одблиску се запознаа со одредени обележја на нашиот град и го посетија Музејот на град Скопје.

muzej_1
Посета на Mузеј на град Скопје – Матичен објект

На ден 15.11.2019г. децата од група – Ѕвездички (5-6 год.), од Матичен објект, беа во посета на Музеј на град Скопје, по повод празникот на градот – 13-ти Ноември. Децата се запознаа со поставката во музејот и ги проширија своите знаења за културното наследство на градот Скопје и неговата околина.