Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.
Децата научија многу работи, меѓу кои дека млекото на нилскиот коњ е розево и се плаши од сонцето, жирафата има најголемо срце… Чуварот на морските животни Маја, им раскажа на децата за морскиот лав кој јаде дневно 5кг. риба и уште многу други интересни работи. Децата се запознаа со животот на животните, нивната исхрана, каде живеат и од која земја потекнуваат, како и грижата за нив.