Театарска претстава во нашата градинка

На  ден 17 и 18. 10. 2019 година  во нашата градинка во сите четири објекти, беа гости артисти од група “Триангл”, кои на децата им се претставија со театарска интерактивна претстава под наслов „Чудна шума”. Со оглед на тоа дека  во овој месец  е и денот на  шумските животни, оваа претстава допринесе децата да ги спознаат и осознаат шумските животни и да се запознаат со различните професии преку ликовите на животните од шумата. Децата со воодушевување ја проследија претставата.