Посета на С.О.С. Детско село

На ден 16.10.2019 год. деца од објект Бели Мугри на возраст од 5 – 6г. заедно со деца од другите две градинки на општината, по повод Денот на храната, го посетија С.О.С. Детското село, каде се реализира работилница на тема: Здрава храна. Во присуство на Градоначалник на Општина Центар и претставници од општината, дечињата од градинките се дружеа со децата од Детското село. На тој начин го одбележивме овој ден, заради подигнување на свеста за важноста од конзумирање на здрава исхрана за правилниот раст и развој на децата.