News

Посета на Шпаркасе банка – Н.Н.Борче

На ден 28.10.2019 год. по повод – Неделатa на штедење, децата од 4-5 год. – група “Бубамари” од објект Наум Наумовски Борче, ја посетија Шпаркасе банка. При посетата децата се запознаа со Медо-штедо и начинот на кој можеме да штедиме. Посетата беше интересна за децата, добија подароци – балони, боенки и сложувалки, како благодарност за посетата.

zoo2
Посета на Зоолошка градина

Во рамки на предвидените активности, децата од воспитната група од 5-6 год. од објект Панорама ја посетија Зоолошката градина. Низ царството на животните ги водеше едукаторот Александар кој на децата им раскажуваше за животните.

detsko_selo1
Посета на С.О.С. Детско село

На ден 16.10.2019 год. деца од објект Бели Мугри на возраст од 5 – 6г. заедно со деца од другите две градинки на општината, по повод Денот на храната, го посетија С.О.С. Детското село, каде се реализира работилница на тема: Здрава храна.

Хуманитарна акција во нашата градинка

Во рамки на Детската недела, во период од 03 до 11.10.2019 год. се реализира хуманитарна акција во сите четири објекти на нашата градинка. Се собираа средства за хигиена и пакувана, конзервирана храна, кои беа наменети за семејствата со социјален ризик.

detska_nedela3
Детска недела – приредба во објект Бели Мугри

По повод одбележувањето на Детската недела во објектот Бели Мугри на ден 09.10.2019 год. децата од воспитната група од 5-6 години, “Зајачиња” на своите другарчиња од другите групи им подготвија приредба со која ги запознаа со детските права, децата од светот, одговорностите во домот и градинката, детската игра и песна. Секое дете треба да има топол дом, храна, љубов, внимание и безгрижно детство, порачаа децата од градинката Бели Мугри.