На 25.09.2019 децата од воспитната група од 5-6години – Зајачиња во објектот “Бели Мугри” имаа средба со г-дин Гоце Мирчевски, медар и член на пчеларското здружение “Матица”. Со помош на видео проекција и разговор, децата се запознаа со најслаткиот производ на пчелите, медот. Покрај медот пчелите произведуваат прополис, полен и матичен млеч, а тие содржат ензими кои се важни за нашиот имунолошки систем. Исто така се запознаа со облеката и опремата која ја користи медарот за да се заштити од пчелите додека го собира медот од кошниците.Посетата беше интересна и го задржа детското внимание, а задоволството беше уште поголемо кога го вкусивме убавиот цветен мед што ни го донесе чичко Гоце. Му благодариме за ова несекојдневно искуство и го покануваме на повторна средба.