На ден 29.05 воспитната група од 5 – 6г. од објект Панорама, го посети Музејот на отворено – археолошкиот локалитет Тумба Маџари. Децата се запознаа со животот и работата од тоа време, а особен интерес предизвика божицата – Големата Мајка – заштитничка на домот и семејството. Детското внимание се задржа кај восочните човечки фигури – нивната облека, садовите и предметите во домаќинството од неолитско време и поставуваа прашања за градбата на куќите и материјалот со кои биле изработувани. Убавиот сончев ден, зелените површини и другите природни содржини во рамките на музејот, допринесоа чувства на радост, задоволство, среќа кај сите деца и желба за наредна посета.
31
May
ПОСЕТА НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ – ТУМБА МАЏАРИ
- Author admin
- Активности, Панорама
- Comments Off on ПОСЕТА НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ – ТУМБА МАЏАРИ