Меѓународен ден на спортот, одбележан во објект Бели Мугри

По повод – “Меѓународниот ден на спортот”, на ден 27.05 во холот на објектот Бели Мугри беа организирани спортски активности со децата од 2 – 6 годишна возраст.
Децата ја покажаа својата спретност за ориентација во просторот и движењето со конкретна цел.
Имено, додека поголемите деца се докажуваа во движењето на полигон и погодување со топката во кош, помалите деца се провлекуваа во тунелот, а сите заедно силно навиваа за своите другарчиња и најважно од се многу уживаа во натпреварувачките игри.