По повод 25 мај – Меѓународниот ден на спортот во објектот Н.Н.Борче беа организирани спортски активности со децата од 4-6 год. Децата ја покажаа својата спретност во движењето на полигон, погодуваа во кош, се влечеа со јаже, пренесуваа топчиња во лажичка, а најважно од се многу се забавуваа.