Запознавање со илустрирани мапи со посета на ГДИ

На ден 15.05.2019г. децата од 5 – 6г. од објект Бели Мугри беа во посета на фирмата ГДИ, каде вработените преку документиран филм им раскажаа на децата за Планетата Земја, а преку илустрирани мапи и за сите континенти посебно. Децата научија многу нови работи и го збогатија своето знаење. На крај од посетата секое дете доби по една сложувалка од Планетата Земја.