News

2019-05-29_09-55-04
ПОСЕТА НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ – ТУМБА МАЏАРИ

На ден 29.05 воспитната група од 5 – 6г. од објект Панорама, го посети Музејот на отворено – археолошкиот локалитет Тумба Маџари. Децата се запознаа со животот и работата од тоа време, а особен интерес предизвика божицата – Големата Мајка – заштитничка на домот и семејството.

DSC_6546
Одбележување на Денот на нашата градинка

Денот на нашата градинка, под мотото: „Ние сме виножито од можности“, беше одбележан на 21.05.2019 година во холот на Матичниот објект. Прекрасната приредба со преубавата сценографија ја проследија многубројни гости меѓу кои и Градоначаникот Саша Богдановиќ со претставници од Општината. Децата со својата изведба ја доловија приказната за виножитото и неговите бои.

Меѓународен ден на спортот, одбележан во објект Бели Мугри

По повод – “Меѓународниот ден на спортот”, на ден 27.05 во холот на објектот Бели Мугри беа организирани спортски активности со децата од 2 – 6 годишна возраст.
Децата ја покажаа својата спретност за ориентација во просторот и движењето со конкретна цел.

IMG_20190523_094354
Одбележување на Меѓународниот ден на спортот во објект Н.Н.Борче

По повод 25 мај – Меѓународниот ден на спортот во објектот Н.Н.Борче беа организирани спортски активности со децата од 5-6 год. Децата ја покажаа својата спретност во движењето на полигон, погодуваа во кош, се влечеа со јаже, пренесуваа топчиња во лажичка, а најважно од се многу се забавуваа.

IMG_20190522_111102
Цртање на асфалт во организација на ДКЦ – Карпош

На 22.05.2019г. децата од групата “Зајачиња” од објектот “Бели Мугри” учествуваа на манифестацијата “Цртање на асфалт” во организација на “Детски културен центар”- Карпош. Децата имаа можност да ги покажат своите креативни способности и цртаа со креди во боја на асфалт, а потоа со гордост ја испеаја нашата химна “Кочо Рацин” и достојно ја претставија нашата градинка пред присутните.

gdi_3
Запознавање со илустрирани мапи со посета на ГДИ

На ден 15.05.2019г. децата од 5 – 6г. од објект Бели Мугри беа во посета на фирмата ГДИ, каде вработените преку документиран филм им раскажаа на децата за Планетата Земја, а преку илустрирани мапи и за сите континенти посебно. Децата научија многу нови работи и го збогатија своето знаење. На крај од посетата секое дете доби по една сложувалка од Планетата Земја.