„МУЗЕЈ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА“ ВО ОБЈЕКТ ПАНОРАМА

Во пресрет на претстојниот празник во објект Панорама беше реализирана активноста – Музеј на велигденски јајца, која е одраз на трудот кој е вложен од страна на вработените, во развивање на креативноста кај децата. Нешто ново, интересно и за возрасните и за дечињата. Во духот на претстојниот празник, беше реализирана и попладневна работилница со родители, на која се изработуваа велигденски декорации.