На 08.04.2019г. гостин во групата од 4 – 5г. беше родител лекар Бојан Бошковски. Тој раскажуваше за неговата професија, униформа, лекарски прибор, потоа ги прегледа сите другарчиња, ни даде многу добри совети за зачувување на нашето здравје, но најважно е што од сега веќе нема да се плашиме кога одиме на лекар. Преку целиот ден децата играа игра “На лекар”, а потоа играа на песничката ” Ало амбуланта”. На тој начин го одбележија 7- ми април – Светскиот ден на здравјето.