Работилница со родители во група Пајчиња – Бели Мугри

На ден 04.04.2019 година, беше одржана работолница во група Пајчиња (од 3 до 4 години), во која активно учество земаа 14 родители со своите најмили.
Истата беше иницирана, согласно проектот кој го работиме на тема: Како се разболуваме, како се лекуваме?. Самиот концепт на истата, го содржеше следново: средства за лична хигиена (основата за нашето здравје), здрава храна (која веднаш ја конзумиравме) и нашата домашна аптека богата со се што е неопходно, кога сме настинати – болни (чаеви, сирупи, витамини, апчиња, антибиотици…), се со цел да ги избегнеме настинките, или, кога се веќе присутни, да се заштитиме од нив. Родителите со децата импровизираа, креираа, се дружеа и што е најважно, без сомнение – уживаа!