Дружење со родители – Бели Мугри

Во рамките на проектот “Како се разболуваме како се лекуваме” на 4ти април во групата од 3 – 4г. се реализираше креативна работилница на тема “Нашата домашна аптека”. Како полици за нашата аптека, ги искористивме полиците од  литературниот центар, кои родителите ги дополнија со испринтани во боја сликички од медицински помагала, кутии од лекови, предмети за  хигиена, здрава храна и напитоци кои на еден или друг начин се наоѓаат на полиците во аптеките.