Работилница и дружење со родители во Матичен објект

На 07.08 2019, во група – Сонциња, 4-5 год. – Матичен објект, во рамките на проектот “Во царството на боите” се одржа работилница – дружење со родители на тема “И ние сме уметници”. Во дворот од градинката, во разиграна и весела атмосфера, се изработија уметнички дела, користејќи различни техники и материјали. Заедничка уметничка слика, срца од глинамол, пролетно сликање со прсти, како и подвижната игра “Твистер”, беа само дел од активностите што го задржаа детското внимание и ја одбележаа оваа работилница.