Гостин родител по повод денот на жената во објект Бели Мугри

На 7ми март- четврток, а по повод денот на жената 8-ми март но и по повод неделата посветена на жената како мајка, баба, работник, учителка.. во групата од 3-4 години – Мечиња  ја посети гостин родител. Мајката Маја зборуваше за нејзините обврски како мајка на Даме, како сопруга во домот но и за работните обврски како вработена жена во институцијата во која работи. Како знак на благодарност за посетата и одвоеното време, децата од групата и нацртаа цвеќиња.