News

IMG_2019
Попладневна работилница во објект Н.Н.Борче

На ден 28.03. во групата “Пчелички” во објектот Н.Н.Борче, беше реализирана попладневна работилница во рамките на проектот “Шумски животни “. Родителите заедно со своите деца моделираа шумски животни и нивни живеалишта. од глина.

tekstura1
Гостин родител во група Детелинки – Матичен објект

На 28.03.2019 год. во групата Детелинки (3 – 4 години) од Матичниот објект гостуваше родителот Доротеј Нешовски и со децата ја реализираа работилницата “Ја истражуваме и ја слушаме текстурата”.

Креативна работилница со родители во Н.Н.Борче

Во рамките на проектот „Птиците во РМ“, во воспитната група „Сонциња“, на возраст од 4-5 години, во објектот Н.Н.Борче, на ден 27.03.2019 година, во попладневните часови беше организирана креативна работилница со родителите, под мото:„Животните средини на птиците во РМ“.

teatar3
Ден на театарот – куклена претстава во објект Бели Мугри

Во објектот Бели Мугри, Денот на тетарот – 27- ми март беше одбележан со интерна куклена претстава “Помирисни и слушни”, реализирана од тимот на воспитувачи. Претставата ја следеа децата од сите воспитни групи од објектот, кои, поради интересните кукли, музика и комичната но воедно и поучна содржина на претставата, останаа со полно внимание до самиот крај.

mkc1
Посета на атеље во МКЦ – Матичен објект

На ден 26.03.2019г., децата од група Ежиња на возраст од 4 -6 г. од Матичниот објект, беа во посета на Младинскиот културен центар, во кој се наоѓа ателјето на Горјан Ѓорѓиев. 
Работејќи на проектот “Виножитото низ детските очи”, децата ги збогатија своите елементарни знаења од областа на ликовната уметност, се запознаа со професијата – сликар и материјалот кој му е потребен за работа.

image1
Работилница со родители во Матичен објект

Во рамките на проектот “Палетата на виножитото” децата и родителите од групата Детелинки (3-4 год) од Матичниот објект ја креираа својата “Амбалажа од соништата” според мотиви од колажите на Хенри Матиз.

DSC_8081
Посета на Театар Комедија – Панорама

По повод одбележување на денот на театрите, децата од 4-5год. од група мечиња, беа во посета на Театар Комедија. Во разговор со актерите Магдалена Ризова и Сашо Ристовски се запознаа со професијата актер, сцената, гримиорни простории, шминкерница. Децата видоа костими од театарски престави и подготовка на еден актер за престава.

Одбележување на Ден на пролетта во Матичен објект

На ден 21.03 2019, група “Сонциња” од 4 до 5 години, го одбележа Денот на пролетта со садење на цвеќиња во дворот од градинката. Децата со љубов и внимание ги насадија цвеќињата за да ја разубават околината и ја поздравија пролетта.

Ден на пролетта во Панорама

На ден 22.03.2019г. децата од објект Панорама од воспитните групи од 2 – 6г. излегоа во дворот на објектот, засадија садници и цвеќиња и така го одбележија доаѓањето на првиот ден на пролетта, а воедно и го разубавија дворот со разновидни цветни аранжмани.