Работилници за отпадно масло во објект Панорама

На ден 26.02.2019г. во групите од 4 – 6г. се реализираа работилници за отпадно масло. Со децата се водеше разговор на тема: Како се добива масло, какви видови на масло има, за што служи и како се собира и рециклира. Децата ги имаа доставено домашните записи од родителите на тема: Што прават со искористеното масло и истите беа прочитани. Беше проследен документарен филм за отпадното масло, а потоа ги боеја илустрираните цртежи.