Куклена претстава во објект Бели Мугри

На ден 07.02 во објект Бели Мугри од страна на воспитниот тим, беше реализирана куклена претстава” Зимско капутче за малиот ежко”  која  ја проследија децата од 2-6 годишна возраст. Динамиката на случувањата во самата претстава и изобилството на ликови во истата, ги воодушеви  децата и несомнено го задржа нивното внимание. Репер за детскиот интерес, беа громогласните аплаузи и желбата да се пролонгира траењето на  претставата.