Посета на Планетариум – Н.Н.Борче
Децата од објектот Н.Н.Борче на возраст од 5-6 год беа на посета на Планетариумот во МКЦ. Децата со воодушевување го гледаа ѕвезденото небо, се запознаа со поголемите соѕвездија и планетите.
Децата од објектот Н.Н.Борче на возраст од 5-6 год беа на посета на Планетариумот во МКЦ. Децата со воодушевување го гледаа ѕвезденото небо, се запознаа со поголемите соѕвездија и планетите.
Студенти од Медицинскиот факултет во соработка со ЕМСА – Македонија на 14.11.2018г. беа гости во објект Бели Мугри. Целта на посетата беше да се отстрани стравот од белиот мантил, како и да се поттикнат децата на здрави животни навики.
Во објектот Н.Н.Борче на ден 14.11.2018г. се одржа попладневна работилница со родителите во воспитните групи од 3-6г. на тема “Волшебна есен” на која се изработуваа есенски декорации.
На 13.11.2018 година во Матичниот објект, со приредба во холот беше одбележан роденденот на нашиот град. Децата од воспитните групи од 5-6 години ,,Верверички” и од 4-6 години ,,Ежиња” се претставија со стихови, игри и песни за градот, пред децата од помалите воспитни групи.
Попладневна креативна работилница со родители се реализира на ден 13.11.2018г. во Матичен објект во воспитните групи од 3 – 6г. на тема: “Ја градиме нашата населба Капиштец”.
Роденденот на градот Скопје – 13 ти ноември, беше одбележан во весела и празнична атмосфера. По тој повод беше реализирана заедничка приредба со наслов – Скопје граду мој. Учество во приредбата земаа воспитните групи од 4 – 6г.
13-ти ноември – роденденот на градот Скопје, децата на возраст од 4-6 год. од објект Н.Н.Борче го одбележаа со приредба, на која се претставија со стихови, игри и песни за градот.
По повод роденденот на градот Скопје – 13 ти ноември, децата од големата група – Супер Ѕвезди, беа во посета на Музеј на град Скопје. Целта на посетата, беше да се запознаат со археолошката поставка на старо Скопје – Скупи, приборот што го користеле порано, накитот, фустаните што ги везеле девојките, како и со спомените од катастрофалниот земјотрес што се случиле во минатото.
На ден 09.11.2018г..децата од група – Жапчиња, беа во посета на Институт за наука, култура и уметност – Феникс, при што се запознаа со литературата за возрасни и деца, како и со сликовниците за најмалите.Сите деца од издавачката куќа добија сликовници со најубави басни.
На ден 09.11.2018 год. во воспитната група од 5-6 години ,,Верверички” од Матичниот објект, во посета беа стоматолог и стоматолошка сестра од Здравствен дом ,,Идадија”. Целта на оваа посета беше запознавање со професијата стоматолог, како и запознавање на децата со правилната нега и хигиена на забите и усната празнина и препознавање на факторите кои можат да го загрозат нивното здравје. Преку ликовна работилница, децата своите импресии ги пренесоа на цртеж.