ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Здравствената заштита на децата во градинката има пред се превентивна улога. Целокупната превентивна здравствена заштита е грижа и обврска на целиот персонал во градинката, а пред се на директорот и главната медицинска сестра.

Превентивните мерки што секојдневно ги обезбедуваме на планот на здравствената заштита на децата се однесуваат на следните активности:

  • Засилена хигиена на сите простории и редовна дезинфекција на работните површини и на играчките и другите предмети со кои детето секојдневно доаѓа во контакт;
  • Често проветрување на просториите;
  • Одржување на личната хигиена како на персоналот, така и на децата преку миење на рацете со антибактериски сапун (во дозери),
  • Редовна дезинфекција на рацете на персоналот, родителите и други посетители со средство за дезинфекција,
  • Доколку детето добие симптоми на грип за време на претстојот во градинка (зголемена телесна температура, повраќање, пролив, кашлање, омалаксаност и сл.) веднаш да се изолира во лекарската соба или во засебна просторија, да се повика родителот или член на семејството. Доколку почне интензивно да кашла, да му се стави на устата и носот маска.
  • Доколку детето добие симптоми дома, да не се носи во градинка, да се побара лекарска помош и додека не оздрави да не се носи во градинка. Задолжително да се извести персоналот и медицинската сестра од што боледува детето. По лечењето родителот е должен да достави лекарска потврда (препорака за родителите);
  • Доколку детето е отсутно од градинка од некоја друга причина а не од болест, родителот треба да го извести персоналот за причината на отсуството;
  • Уредно да се евидентираат отсутните деца од страна на воспитувачката-негователката на групата;
  • Меките и плишаните играчки да се отстранат од занималната;
  • Доколку член во семејството има сомнителни симптоми, да не се носи детето во градинка, додека не се направат консултации со лекар.

За спречување на ширењето на инфективните заболувања и вошливоста, при утринската тријажа (прием) се прави контрола и сомнителните случаи веднаш се изолирани од средината.

Водењето на здравствената документација и евиденција ќе биде редовна задача и грижа на главната медицинската сестра, а подоцна се надеваме и на лекарот. Сите прегледи: контролни и систематски, како и вакциналниот статус на децата, редовно ќе бидат евидентирани во Досието на детето. Во Досието ќе се внесуваат и сите останати податоци за психофизичкиот развој и здравствената состојба на детето од раѓање до поаѓање на училиште.

Заради целосно и нормално остварување на здравствената заштита на децата и вработените во работните единици обезбедена е посебна просторија-лекарска соба со прирачна амбуланта.