МАТИЧЕН ОБЈЕКТ

МАТИЧЕН ОБЈЕКТ, ул Козара бр.26А тел. 3178-789

Објектот беше свечено отворен на 28.10.2015 год. и е резултат на целосно вложување на Општина Центар. Неговата површина изнесува 2677м2, со што целосно ги задоволува потребите на децата и вработените во објектот. На приземјето на градинката се наоѓаат 8 занимални, секоја со површина од 60м2 и околу 30м2 отворен простор, голем хол (повеќенаменски простор) со површина од 323м2, во кој се одржуваат спортски акртивности со децата, приредби, попладневни средби со родителите, стручни предавања за вработените и сл. Има опремен музички кабинет, кабинет за воспитно-згрижувачкиот кадар, централна кујна, како и простории за помошно техничкиот персонал и соодветен магацински простор.
На горниот кат се наоѓаат три занимални за деца на возраст до 2 години (јаслени групи), млечна кујна, кабинет за негувателки, како и административен простор со 6 канцеларии ( за директор, секретар, благајник, сметководител, педагок и лекар).
Целокупната опрема во објектот ја обезбеди Општина Центар. Занималните се опремени со плакари, детски креветчиња, маси и столчиња, комплетна опрема за воспитно-згрижувачкиот и административниот персонал, како и опремена централна кујна, перална и сушара во објектот.
Објектот располага со дворна површина од 3367 м2, со паркинг простор и зелен појас, кој е уреден од страна на Општината, а во наредниот период дел од просторот треба да се уреди и со детски реквизити.

maticen
web
WEB91

БЕЛИ МУГРИ

БЕЛИ МУГРИ  ул. Ацо Караманов бр.2 тел. 3178-253

Објектот БЕЛИ МУГРИ својата згрижувачка и воспитно – образовна дејност ја обавува од 1981 година. Тоа е објект од тврда градба со 1200 м2 корисна површина и 2333 м2 дворна површина. Овој објект е многу атрактивен, интересно осмислен, со голем тркалезен хол, кој нуди можности за заеднички активности и игри на децата, театарски претстави, приредби, дружења со родителите, забави и слично а воедно е поврзан со петте занимални – градинка.

И покрај тоа што во изминатите години реализиравме одредени активности и инвестициони зафати во објектот: промена на грејни тела, санација на оштетени делови од оградата, и сл., сепак се чувствуваше потреба од поголема реконструкција на објектот неколку години наназад. Нашите барања беа прифатени од старна на Општина Центар и од март 2010 година се работеше на објектот. Се изврши целосна реконструкција на 7 тоалети за деца и 2 тоалети за возрасни, се изврши промена на старите со нови ПВЦ прозорци.

Во 2018 година, заедно со Општина Центар, се реновираше јаслениот дел, се постави нов паркет, се извршија молерофарбарски работи во сите занимални и се изврши фарбање на цевките за парно, се поставија 4 нови внатрешни врати и ново осветлување.

Picture 006
IMG_2519

ПАНОРАМА

ПАНОРАМА ул. Тасино чешмиче бр.9а, тел. 3177-675.

Објектот ПАНОРАМА е предаден во употреба во 1985 година. Располага со 1130 м2 корисна површина и со 2066 м2 дворна површина, а проектираниот капацитет на деца е 140. Објектот е од тврда градба, современ, простран, со големи и светли занимални, со соодветен хол за заеднички активности, со опрема, играчки и дидактика, што значи дека и во овој објект постојат оптимални услови за престој и извршување на воспитно – образовниот процес.

Овој објект се наоѓа на падините на планината Водно, на прекрасна локација изолирана од сообраќај и бучава. Располага со убав двор, на две нивоа, од каде има прекрасен поглед на дел од нашиот град Скопје, опремен е со песочник со неколку детски реквизити, клупи, континуирано збогатен со нови садници и трева. И покрај нашите инвестиции во текот на изминатите години (менување на старите и дотраени со нови ПВЦ прозорци и врати, молерофарбарски работи, промена на подни плочки на терасите и влезовите, нови детски гардеробери, менување на вратички и фиоки на постојните плакари), објектот имаше потреба од поголеми инвестиции, кои со помош на Општина Центар се санираа.

IK.Racin_085
DSC01136

НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ

Објектот НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ е лоциран позади Универзална сала на на ул.Борка Талески бр.50,контакт тел. 3245-314

Објект од тврда градба,со доволно големи и светли простории-занимални за децата. Објектот функционира од 1960 година,а подоцна е доградуван така што располага со 1706м2 корисна површина која што сосема ги задоволува потребите на децата што се запишани во овој објект,како и потребите на вработените.
Последните години постои зголемен интерес за запишување на нови деца во градинката,поради интензивно градење на нови станбени згради во околината,така што и во овој програмски период стартуваме со околу 200 деца.
Од ноември 2010год. Општина Центар го реновираше овој објект, со комплетно менување на целиот лик на објектот и тоа:
– се постави нова бетонска подлога со арматура;
– комплетно се реконструираа сите тоалети во објектот (3 за деца и 2 за возрасни) – нова електрична инсталација, керамички плочки и нова санитарна галантерија;
– во објектот е направен и еден комлетно нов санитарен чвор за децата
– се постави нов плафон, како и нови светилки во сите простории;
– се поставија нови ПВЦ прозорци и внатрешни ПВЦ врати меѓу просториите;
– се изврши обработка на ѕидовите и се бојадисаа
– се интервенираше на на парната инсталација поради оштетеност на цевките, а се подигаа повисоко дел од радијаторите, поради новопоставената бетонска подлога ;
– се извади стариот паркет, се замени со нов во целиот објект, се стругаше и лакираше;
– сменета водоводна, одводна и електрична инсталација во целиот објект;
– кујната е целосно реновирана и поставени нови подни и ѕидни плочки;
– исто така, и подрумските простории и пералната се комплетно реновирани.

Во 2018 год. од страна на Општина Центар се инвестираше во поставување на лифт за транспорт на храна при што на вработените им се олесни работата при носење на храна.

IMG_1838
IMG_1837

СЕРТИФИКАТИ / НАГРАДИ