УПИСИ

За упис

–  Градинката ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ уписот на децата го врши според Правилникот за прием на деца одобрен од Советот на Општина Центар – Скопје и согласно постапката за упис.

–  Уписите се во текот на цела година но главен прием се врши до 15 Јуни.

– Апликацијата е достапна за симнување на следниов линк.

(Задолжително да се наведе, за кој објект се аплицираМатичен објект на ул. Козара бр. 26А, објект Н.Н.Борче на ул. 9-ти мај – зад Универзална сала, објект Бели Мугри на ул. Ацо Караманов бр. 2 – зад ОУ “Кочо Рацин” и објект Панорама на ул.Тасино чешмиче бр. 9А)

Истата се пополнува со кирилична поддршка и се доставува електронски на E-mail: judgockocoracin@yahoo.com

–  Апликациите по 15 Јуни се бодираат според Критериумите за упис на деца.

–  За граѓаните од другите општини Критериумите за уписи преку цела година се исти.

Правилникот за прием на деца *Превземи го документот

Потребни документи за прием на детето во градинка:

–  Пријава

– Договор

– 1 и 12 стр. од здраствената книшка (копија)

– Потврда од матичниот лекар дека детето е здраво

-Податоци за здравствената состојба на детето (пополнува матичен лекар)

– Уплатница

ПОСТАПКА ПРИ УПИС
Уписот опфаќа поднесување на Апликација за упис на дете од страна на родителот-старател. Поднесувањето на Апликацијата се реализира во Матичниот објект, кај педагогот.
Поднесените апликации се разгледуваат од страна на Комисија за прием на децата формирана во рамките на Установата. За секоја Апликација Комисијата врши известување до родителите кои поднеле апликација за прием на детето.
Доколку на апликацијата за прием комисијата дава позитивен одговор, родителот е потребно да се обрати во Матичниот објект, кај педагогот.
Секое дете кое е примено во Установата (родителот-старател има примено позитивен одговор на Апликацијата), склучува договор во два примерока (еден за родителот-старател, едниот за документација на Установата). Договорот се склучува во Матичниот објект, кај педагогот и се заверува во службите на Установата.
Родителот добива уплатница која е должен да ја плати во рокот предвиден во чл. 3 од Договорот за прием на дете.

ДЕНОВИ ОПРЕДЕЛЕНИ ЗА ПРИЕМ КАЈ ПЕДАГОГОТ
Приемот на родителите заинтересирани за упис се врши кај педагогот и е организиран во понеделник и петок во период од 9:00-15:00 ч.

ПОСТАПКА ЗА ИСПИС НА ДЕТЕ
Родителите кои планираат да го отпишат своето дете од градинка се должни истото да го најават еден месец пред исписот. Во тој период потребно е да ги подмират своите обврски кон градинката. Една од постапките е и раскинување на договорот за прием на деца за што е потребно да се дојде во Матичниот објект, кај дефектологот. Ден определен за испишување на деца е понеделник и петок во период од 9:00-15:00 ч.

За сите подетални информации јавете се на телефонот: 075/411-130