урбана средина

arhitekt1
Одбележување на Ден на урбана средина во Матичен објект

По повод одбележување на Денот на урбана средина во Матичен објект, на ден 07.11.2019 год, во групата од 5 – 6г. (Ежиња), гостуваше родител – архитект Иван Арсовски. Тој на сликовит начин се обиде да ја објасни, која е важноста и улогата на архитектите во планирање и надзор при изградба на објекти.

gradonacalnik6
Ден на урбана средина

На ден 07.11.2019 год. по повод Денот на урбана средина, децата од објектот Н.Н.Борче (група – Цветови од 5 – 6г.) ја посетија Општина Центар и Градоначалникот Саша Богдановиќ. Децата имаа можност да го прашаат градоначалникот за неговата работа во Општина Центар.

urbanasredina-beli_mugri
Ден на урбана средина – Бели Мугри

На ден 07.11.2018 година по повод Денот на урбана средина во објект Бели Мугри, во групата од 5 – 6г. гостин беше родител – архитект Јана Ѓорѓевиќ. Таа на децата им објасни што значи професијата архитект, ги запозна со позначајните објекти во нашиот град, како што се ГТЦ, Ману, Даут Пашин Амам, Камениот мост, Тврдината Кале, МОБ и сл. Со децата беа реализирани активности на маси, по групи – при што на соодветна мапа ги аплицираа објектите што се наоѓаат во нашиот град.