уметност

Посета на галерија – Матичен објект

На 15.03.2019 год. групата “Ѕвездички“ 4-5 год. беа во посета на уметничката галерија Анагор во рамки на проектот: Играме со боите на виножитото. Децата добија одговори од областа на уметноста: со какви материјали цртаат уметниците, какви бои и четки користат, колку време е потребно да се нацрта една уметничка слика и сл. Децата беа изненадени и воодушевени од уметничките слики и секако среќни си заминаа дома.

image1
Посета на Сликарско ателје – Матичен објект

Уште една авантура на “Сонциња”, група 4 – 5г, од Матичен објект. Овој пат во потрага по многу одговори од областа на уметноста кои ги интересираа децата. Тие на 12.03, беа гости во сликарското ателје на уметникот Петар Попчев. Што е потребно да се стане сликар, кои техники и материјали ги користи, од каде ја црпи инспирацијата, беа дел од прашањата кои сликарот со нескриено задоволство ги одгатна.