Посета на Театар Комедија – објект Панорама
Децата од воспитната група од 4-5 години од објект Панорама, по повод одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 -ти Ноември, го посетија театарот Комедија.
Децата од воспитната група од 4-5 години од објект Панорама, по повод одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 -ти Ноември, го посетија театарот Комедија.
На ден 17 и 18. 10. 2019 година во нашата градинка во сите четири објекти, беа гости артисти од група “Триангл”, кои на децата им се претставија со театарска интерактивна претстава под наслов „Чудна шума”.
Во објектот Бели Мугри, Денот на тетарот – 27- ми март беше одбележан со интерна куклена претстава “Помирисни и слушни”, реализирана од тимот на воспитувачи. Претставата ја следеа децата од сите воспитни групи од објектот, кои, поради интересните кукли, музика и комичната но воедно и поучна содржина на претставата, останаа со полно внимание до самиот крај.
По повод одбележување на денот на театрите, децата од 4-5год. од група мечиња, беа во посета на Театар Комедија. Во разговор со актерите Магдалена Ризова и Сашо Ристовски се запознаа со професијата актер, сцената, гримиорни простории, шминкерница. Децата видоа костими од театарски престави и подготовка на еден актер за престава.
На 22.02.2019 год. децата од возрасните групи од 4-6 год. од Матичниот објект ја проследија театарската претстава – Check in: Пред зграда. Целта на оваа претстава беше – децата преку театарски јазик, близок и разбирлив за нив, да го согледаат негативното влијание од постојаното користење на паметните уреди и социјалните мрежи.
На ден 01.02.2019г. Активот на воспитувачи од Матичен објект ја реализира претставата – Трите Снешковци, како театар на сенки, пред децата од воспитните групи од 2 – 6г.. Децата со воодушевување ја проследија претставата, , пред се што некои од децата за прв пат проследија ваков вид на театарска уметност.